Во Германија пропаѓаат рекорден број големи компании, слично како кога започна корона вирусот

Германската економија повторно бележи бран на банкротства на големи компании, приближувајќи се до нивото на пандемијата 2020 година, се вели во анализата на осигурителот на кредити Алијанц Трејд. Оваа година повторно имаме банкроти на големи компании кои се на пат да достигнат рекордни бројки од 2020 година, изјави експертот за стечај на Алијанц Трејд, Максим Лемерле.

Во првите девет месеци од годинава се евидентирани 45 случаи, покажа студијата. За споредба, во истиот период лани имало 26, а во 2021 година само 17. Според пресметките на Алијанц Трејд, 58 големи компании прогласиле банкрот во цела 2020 година, од кои 44 во деветмесечниот период завршиле во септември.

До септември оваа година, 12 големи текстилни компании и модни трговци на мало и шест болници прогласија банкрот, покажа студијата.

Најмногу стечаи се забележани во градежништвото, вклучително малите, средните и големите претпријатија, потоа трговијата и услугите.

Шефот на Алијанц Трејд за германското говорно подрачје, Мило Богаертс, предвидува тежок период за трговците на мало во претстојната сезона на трошење пред божиќните празници. „Веројатно ќе има многу помалку подароци под елката оваа година“, рече Богаертс.

„Цените на храната се сè уште високи и покрај пониската стапка на инфлација. Затоа граѓаните штедат на се друго, а помалку излегуваат, купуваат помалку облека и новогодишни подароци. Според „Алијанц трејд“, големи компании се оние со годишен обрт од најмалку 50 милиони евра.