Во Германија расте бројот на банкроти

51

Во Германија, повеќе компании  банкротираа во март – пријавени се 959 банкроти, објави во четвртокот Лајбниц Институтот за економски истражувања Хале (IWH).
Тоа е 15 отсто повеќе пријави за стечај отколку во февруари и 24 отсто повеќе отколку во март 2022 година. Експертите на IWH велат дека сегашните бројки се само малку под оние пред избувнувањето на пандемијата.

„Времињата на невообичаено ниска неликвидност засега се завршени“, рече истражувачот на IWH, Штефен Милер, додавајќи дека не треба да се очекуваат посилни бранови на банкротства во наредните месеци.

IHW наведува дека нивните анализи ги вклучуваат сите актуелни банкроти објавени од германските трговски судови, заедно со податоците за билансот на компанијата.