Во Германија се гради најголемиот еко-комплекс со 162 станови

61

Heidelberg-Village-by-Frey-ArchitektenВо Германија моментално се гради најголемиот станбен еко-комплекс, проект наречен Heidelberg, пишува Inhabitat. Градбата што ќе биде напојувана од сончева енергија е дело на компанијата Frey Architekten, а ќе се состои од 162 станови, вклучувајќи вертикални градини и покрив каде исто така ќе расте зеленило.

Ќе има апартмани со една соба, но и такви што ќе можат да сместат фамилии од пет членови. Секој од нив ќе има сопствен балкон, а сончевата енергија и современите системи за вентилација ќе овозможат комплексот да биде енергетски ефикасен. Вертикалните градини, како и оние на покривот, ќе придонесат за дополнителна убавина и свеж воздух.

Според компанијата, крајната цел на проектот е да се создаде дом што ќе трае цел живот, а комплексот се очекува да биде готов во 2017 година.