Во Германија, сè помалку електрични автомобили, продажбата драстично паѓа

Статистиката објавена за мај 2024 година покажува дека продажбата на електрични возила во Германија паднала за значителни 30,6 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година.
Падот е драматичен, а најмногу се должи на тоа што нема повеќе субвенции за набавка на електрични возила. Германската влада ги укина на почетокот на годината, пишува магазинот ХАК.

Од 236.425 нови автомобили регистрирани минатиот месец во Германија, растот на продажбата на бензин е 2,1 отсто и тие имаат најголемо учество од 38 отсто. Дизел автомобилите се на второ место со 19 отсто и раст од 3,2 отсто. Продажбата на хибриди остана непроменета, додека plug-in хибридите забележаа маргинален пораст од 1,7 отсто.

Вкупната продажба на сите возила во Германија падна за 4,3 отсто во мај 2024 година во споредба со мај 2023 година.

Tesla доживеа најголем пад од која било марка во мај, со пад на продажбата за 64% годишно. Од почетокот на годината падот е 41,4%.