Во градежништво најмногу слободни работни места во првото тримесечје

65

Стапката на слободни работни места, во првото тримесечје од оваа година, е 1,58%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места од 4,98% има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,15%.

Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,39%.

Скопскиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,80%.

Најголем број слободни работни места, односно 2.103, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Фото: Pexels