Почетна Новости Регион Во Грција ќе се бара и бустер доза од 1 февруари

Во Грција ќе се бара и бустер доза од 1 февруари

118

Во Грција од 1 февруари нема пристап до некои места без бустер доза.

Сите кои нема да примат трета доза вакцина против коронавирусот, во Грција нема да може да пристапат до места резервирани за вакцинирани. Ова го најави грчкиот министер за здравство Танос Плеврис.

Сите кои не примиле дополнителна доза вакцина против коронавирусот, а поминале седум месеци од претходната, втора доза ќе се сметаат за невакцинирани.

„Потврдата ќе биде валидна и понатаму затоа што се работи за европски сертификат кој важи девет месеци, но тие лица повеќе нема да можат да користат предности како пристап до затворени простори резервирани за вакцинирани лица“, појасни министерот.

И во Грција расте бројот на заразени со коронавирусот.