Во Хонг Конг продаден стан за 60 милиони долари

23

Во финансискиот центар на југот на Кина се продаде луксузен апартман од 620 метри квадратни, за 60 милиони долари. Апартманот се наоѓа на деветиот кат во комплексот Опус Хонг Конг, дело на архитектот Френк Гири. Swire Properties Ltd. потврдија дека станот е продаден, но не го откриваат купувачот.

Локалните агенти на недвижнини велат дека ова е највисока цена платена за апартман во Хонг Конг и дека постигнал толку висока цена поради уникатниот дизајн и локацијата. Гири ја дизајнираше зградата со надворешни стаклени столбови околу зградата, кои личат на трски што се веат на ветре.

Опус Хонг Конг е сместен на ридот Викторија Пик и од апартманот се пружа поглед кон Хонг Конг. Swire претходно продадоа еден апартман од истиот комплекс за 55,5 милиони долари, а еден со базен изнајмија за 110.000 долари месечно.

На следниот линк можете да поуживате малку и во погледот од апартманот.