
Повеќе од 100.000 работни дозволи за странци се издадени во Хрватска од 1 јануари до 31 јули 2023 година. Податоците покажуваат дека 25.213 работници добиле работни дозволи од Босна и Херцеговина.
На второ место се државјаните на Србија со 17.395 издадени одобренија, а на трето место се Непалците.
Водечка гранка за која се издадени дозволи е градежништвото со издадени 39.146 одобренија, а на второ место е секторот туризам и угостителство со 37.022 издадени одобренија.
Од вкупниот број на издадени одобренија, 20 отсто се продолжени, додека дури 64,6 отсто се издадени по нови вработувања. Во вкупното учество на сезонските работници тоа е 15,3 отсто.











