Во Хрватска отворен хотел за пчели

56

За сите оние кои сакаат да имаат свој пчеларник, но немаат простор ниту време, желбата барем делумно ја исполни Домагој Баља од Гарешница во Хрватска, кој заедно со сопругата Татјана отвори хотел за пчели.

Заинтересираните за тригодишен договор издвојуваат околу 330 евра, а по три години можат да ја однесат својата кошница на друго место.

Брачниот пар Баља дошол на идеја за запознавање со пчеларството за сите заинтресирани преку отворање кошници за пчели во форма на хотел за пчели.

“Можат да купат кошница од нас, за која ние тогаш се грижиме, изјави Домагој Баља за Ројтерс.

Тој додаде дека за три години откако е отворен хотелот за пчели, половина од медот што го истуриле во хотелот за пчели потекнува од клиенти.

“Овој аспект од нашата работа всушност не се однесува на акумулација на профит, туку на учење на луѓето пчеларство. Заедно собираме мед од кошницата. Во добри времиња, можеме да добиеме околу 30 килограми мед од една кошница (годишно), рече Баља, кој во моментов има 25 клиенти. Повеќето од нив се од хрватските градови, а некои доаѓаат од далеку, меѓу нив пилот од Дубаи.