Во Хрватска повеќе се затвораат, отколку што се отвораат нови фирми

hr

Во Хрватска во првите шест месеци од оваа година се основани помалку фирми во споредба со истиот период лани, а згаснати се значително повеќе, покажува анализата на компанијата Bisnode Хрватска, пишува Пословни дневник.

Во овој период се основани 6.920 фирми, што е 12,3% помалку во однос на истиот период лани, а затворени се 6.159 фирми, што е 40% повеќе од првото полугодие лани, покажува анализата.

Секторите во кои има најмногу новоосновани фирми се трговија на мало и големо, туризам и угостителство.