Во Хрватска се активни 179 стартапи

22

start up

Во Хрватска се активни 179 стартапи, во кои се вклучени 4.839 основачи, советници и инвеститори, покажуваат податоците на AngelLista изнесени на Денови на израелски иновации, што се одржаа во Загреб, пишува Пословни дневник.

Според израелскиот конзул во Хрватска, Ирит Шнеор, во Израел делуваат до 5.000 стартапи. Минатата година на берза излегле 18 и собрале 9,8 милиони долари капитал.

Во Хрватска, според податоците на Загрепскиот инкубатор на претприемништво, во последните три години во стартапи се инвестирани скоро 30 милиони евра, пишува Индекс. Во овој период најмногу вложиле инвеститори од САД, 22,2 милиони евра, додека на европски инвеститори отпаѓаат 7,8 милиони евра.