Во Хрватска се користат 8,6 милиони кредитни и дебитни картички

69

karticki

На крајот на првата половина од оваа година, во Хрватска имало вкупно 8,6 милиони кредитни и дебитни картички, што е за 0,2% повеќе отколку во истиот период лани. Вкупната вредност на трансакциите преку картичките во првите шест месеци била скоро 7,6 милијарди евра или 3,6% повеќе од истиот период лани, пишуваат хрватските медиуми.

Според податоците на Хрватската стопанска комора, вкупниот број на картички благо расте, по падот во 2012 година.

На крајот на јуни во Хрватска имало 4.225 банкомати, што е 2% повеќе од минатата година, а вкупната вредност на трансакциите на банкоматите во разгледуваниот период била 4,84 милијарди евра.