Во Хрватска се отвора луксузен хотел под земја

148

Списанието Forbes ја рангираше Вила Наи 3.3 меѓу девет хотели од соништата во Медитеранот кои годинава на 28 мај ги отвораат вратите. Oвој хотел, изграден на Дуги отoк во Хрватска, е посебeн затоа што е претежно под земја.

Според дизајнерот, хотелот со пет соби и три апартмани ќе им овозможи на гостите најавтентичен контакт со природата. Изградбата беше финансирана со помош на државни стимулации од меѓународно познатиот производител на органско маслиново масло, Горан Моровиќ од Сплит.

“Вила Наи 3.3 е исклучително архитектонско и градежно достигнување планирано од академик Никола Башиќ. Зградата совршено се вклопува во островскиот пејзаж и  маслиновите градини“, изјави Моровиќ за хрватскиот деловен дневник.

Хотелот се издвојува главно по својата архитектура, претежно поставен под земја, што само минимално ја оштетува природната средина. Има сè што може да понуди хотел со пет ѕвезди – гостите ќе имаат отворен базен со солена вода, затворен базен со сауни, велнес центар, бар, два ресторани и тениско игралиште. Дизајнерите посветиле големо внимание на деталите како постелнина, квалитетен мебел, опрема за бања и козметика.

Хотелот може да прими најмногу 16 гости истовремено. Но, цената е исто така пет sвезди – за една ноќ треба да се одвојат 1.000 евра, а во шпицот на туристичката сезона дури 2.000 евра.