Во Хрватска трговците нема да можат да мамат за потеклото на месо

23

Хрватското министерство за земјоделство објави дека заради подобра заштита и информирање на потрошувачите подготви измени и дополнување на правилникот за информирање на потрошувачите за неспакувана храна.

Измените во однос на потрошувачите се воведени поради подобра информираност на потрошувачите, овозможувајќи им дополнителни информации.

Така потрошувачите во ладилниците на месарите ќе може да прочитаат податоци за земјата на потекло за свинското, овчото, козјо и живинско месо, односно информации во која земја животното е одгледано.

Информациите мора да бидат точни, јасни и лесно разбирливи за потрошувачот и не смеат да бидат погрешни во однос на карактеристиките на храната, потеклото, природата, начинот на производство, пренесува Vecernji list.

Фото: Pixabay