Во Хрватска во овој момент има 850.000 туристи

73

Министерката за туризам на Хрватска, Николина Брњац рекла дека во период од 15-ти јули до 15-ти август е клучен за хрватскиот туризам, што чини околу 35% од вкупниот промет, како и тоа дека во земјата во овој момент има околу 850.000 туристи.

Во овој период, секој следен ден носи околу 100 милиони евра приходи од туризам, пренесува Хина.

Според податоците, во јули има околу 80% од бројот на туристи во рекордната 2019 година.

Од почетокот на годината, во Хрватска се регистрирани повеќе од 5,3 милиони туристи, што е околу 30 милиони ноќевања.

Фото: Pexels