Во Хрватска за Велигден се очекуваат над 550 илјади туристички ноќевања

138

За претстојниот празник Велигден, кога се очекува првиот поголем прилив на домашни и странски туристи во хрватските дестинации, Хрватскиот туристички одбор спроведе анкета меѓу жупаниските и регионалните туристички одбори.
Според добиените податоци, во земјата се очекуваат околу 160 илјади пристигнувања и околу 550 илјади туристички ноќевања за време на продолжениот велигденски викенд, во периодот од 7 до 10 април 2023 година.

„Досегашниот тек на туристичкиот сообраќај е во согласност со нашите очекувања и предвидувања, со оглед на промотивните активности и повратните информации од нашите најголеми партнери од маркетите за емитување, а дополнително сме среќни и од позитивните најави за претстојниот Велигден. Имено, годинава очекуваме за време на велигденските празници да постигнеме пораст на пристигнувања за околу 8 отсто и на ноќевања за околу 5 отсто во однос на Велигден лани. Тоа би било одлична увертира за преостанатиот пролетен дел од годината, а потоа и за главниот летен дел, кога најголем број туристи престојуваат во хрватските дестинации“, изјави Кристјан Станичиќ, директор на Хрватскиот туристички одбор.

За време на Велигден најголем број пристигнувања и ноќевања се очекуваат на крајбрежјето. Најголем број гости се очекуваат од домашниот пазар, но и од Германија, Австрија, Словенија, Италија и други.