Во Индија ќе се гради деловна зграда од шест милиони метри квадратни

35

india

Фото: Morphogenesis

Во индискиот град Сурат ќе се гради деловна зграда што ќе се простира на површина од шест милиони метри квадратни, а во неа ќе работат околу 45.000 луѓе. Поради ваквата импресивна површина, ова ќе биде втората најголема деловна зграда во светот, позиционирајќи се веднаш зад Пентагон во Вашингтон, пишува Arch Daily.

Деловниот простор на Surat Diamond, чиј проект го потпишува архитектонската компанија Morphogenesis, ќе користи најсовремени технологии во еколошка смисла. Објектот ќе има природна вентилација и самостојно ќе произведува електрична енергија за своите потреби. Во неа претежно ќе работат луѓе од ИТ секторот, а секој од нив ќе работи на компјутер и сервери коишто трошат голема количина на струја.

Surat Diamond ќе овозможи и социјализација и рекреација за вработените. Централниот дел на објектот, којшто ги поврзува сите канцелариски простории, е осмислен да биде интерактивен простор за неофицијални состаноци, дружење и пауза. Во зградата ќе има и ресторани, спа центри, теретани и слично.

Проектот предвидува иновативен пристап на low – cost архитектура со којашто се добива максимален простор за малку вложени пари. Благодарение на овој пристап (оптимизација и едноставен дизајн) намален е проектираниот буџет за изградба на големиот објект за 500 долари по метар квадратен, но со одржување на високи стандарди и одржливост.