Во Истанбул во 2025 година ќе биде отворен центар за трговија со гас

117

Центар за трговија со гас ќе биде отворен во Истанбул во 2025 година како дел од проектот за меѓународниот гасен центар, изјави турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар.

Како што се наведува, учесници во овој проект ќе бидат турската компанија Ботас и рускиот Газпром, пренесува Комерсант.

„Во текот на 2025 година ќе создадеме моќна инфраструктура која, во партнерство со Ботас и Газпром, ќе управува со трговска платформа во финансискиот центар на Истанбул. На страните им испративме меморандум за разбирање“, рече Бајрактар ​​во интервју за турскиот весникот Милиет.

Тој истакна дека во центарот за трговија ќе функционира и Истанбулскиот гасен индекс.

Кога Русија ќе го продаде својот гас, ќе каже дека го продава според формулата со индексот за гас во Истанбул, додаде Бајрактар, пренесува Танјуг.

Во октомври 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин најави изградба на гасен центар во Турција и истакна дека таков проект ќе помогне да се компензира загубениот обем на транзит на гас преку Северен тек.