Во Италија почна производството на тест – серија на руската вакцина Sputnik V

22

Во швајцарско – италијанската компанија Adienne Pharma & Biotech во северна Италија започна производство на првата тест – серија на руската вакцина против коронавирусот Sputnik V.

“Започнавме производство на тест – серија што ќе биде подложена на интерна проверка заради сигурност и ускладеност“, рекол извор од компанијата.

На крајот на март, Рускиот фонд за директни инвестиции договор производство на вакцината во Adienne Pharma & Biotech. Претседателот на компанијата Антонио Ди Наро најави дека првите дози од вакцината би можеле да се појават на пазарот на крајот на годината, откако ги поминат сите постапки за сертифицирање.

Sputnik V уште не ја помина постапката за одобрување од Европската агенција за лекови. Експертите на агенцијата ја довршиле инспекцијата во производните погони во Руската федерација, а сега се очекуваат дополнителни документи.

Фото: Freepik