Во јануари издадени 256 одобренија за градење, ќе се изградат нови 615 станови

22
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, се издадени 256 одобренија за градење, што е за 34.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 503 536 илјади денари, што е за 41.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (18.8 %) за објекти од нискоградба и 42 (16.4 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 256 објекти, на 164 (64.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56 031 м2.
Од регионален аспект, најмногу дозволи се издадени во Полошкиот регион вкупно 67, а во скопскиот регион бројот на издадени одобренија за градење изнесува 41.