
Истанбул, најголемиот турски град по население, имаше најголем број посетители минатиот месец со 1,2 милиони, покажуваат податоците на Министерството за култура и туризам.
Според официјалните податоци објавени во петокот, Турција пречека речиси 2,1 милиони странски посетители во јануари, што е зголемување од 2,05 отсто на годишно ниво, според официјалните податоци објавени во петокот, јавува Anadolu.
Истанбул, најголемиот турски град по население, имаше најголем број посетители минатиот месец со 1,2 милиони, покажуваат податоците на Министерството за култура и туризам.
Северозападната провинција Едрене, која граничи со Бугарија и Грција, забележа 237.714 пристигнувања на странски туристи во јануари. Следува познатото одморалиште Анталија на турската ривиера со 178.306 странски посетители.
На прво место е Русија со удел од 11,3 отсто или околу 230.579 посетители од таа земја, потоа Иран со 10,4 отсто или 211.801 посетители и Бугарија со 7,93 отсто или 162.414 туристи.
Во 2023 година Турција прими 49,2 милиони странски туристи, што е зголемување за 10,4 отсто во споредба со претходната година.











