
Државниот завод за статистика регистрираше пад на градежната активност во јули 2026 година, кога беа издадени 367 одобренија за градење — за 8,5% помалку во споредба со истиот месец лани.
Бројот на одобренијата за градење во јули 2026 година е намален за 8.5% во однос на истиот период од претходната година
Во јули 2026 година се издадени 367 одобренија за градење, што е за 8.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7. 995. 108 илјади денари, што е за 74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената вредност се должи на фактот дека во референтниот период минатата година е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 227 (61.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 39 (10.6%) за објекти од нискоградба и 101 (27.5 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 367 објекти, на 209 (56.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 158 (43.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 248 станови со вкупна корисна површина од 100 440 м2.
Во јули 2026 година:
- Најмногу одобренија за градење, 227, се издадени за високоградба
- Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 109
- За изградба се предвидени 1 248 станови











