Во јуни 242 одобренија за градење – предвидена изградба на 530 станови

82
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2023 година се издадени 242 одобренија за градење, што е за 12.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 106 868 илјади денари, што е за 38.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115 (47.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 66 (27.3 %) за објекти од нискоградба и 61 (25.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 242 објекти, на 117 (48.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125 (51.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 530 станови со вкупна корисна површина од 44 252 м2.