Во јуни: Годишен раст од 7,2% на вкупните депозити

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 7,2%, како резултат на зголемените депозити на двата сектора, со значително поголем придонес на секторот домаќинства.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,4%, што произлегува од растот на кредитите на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на секторот домаќинства.

Вкупните кредити, во јуни, се зголемени на месечна и на годишна основа за 0,8%
и 6,4%, соодветно. Промената кај двете основи произлегува од растот на кредитите
на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на секторот „домаќинства“.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во јуни, се зголемени за 1,0%
споредено на месечна основа. Растот пред сè произлегува од зголемените депозитни
пари, а во помал дел и од долгорочните депозити во странска валута, во услови на
пад на краткорочните депозити и долгорочните депозити во денари. На годишно
ниво, депозитите на корпоративниот сектор бележат раст од 4,7%, поради
зголемените депозитни пари, долгорочните депозити во странска валута, како и
долгорочните и краткорочните депозити во денари, во услови на пад на
краткорочните депозити во странска валута. ‒ Во јуни, кредитите на корпоративниот сектор, забележаа месечен и годишен раст од 0,6% и 5,8%, соодветно. Растот според двете основи се должи на зголемените кредити во денари, при намалено кредитирање во странска валута.

Во јуни, вкупните депозити на домаќинствата, се непроменети на месечна
основа. Споредено со јуни минатата година, депозитите на домаќинствата остварија
раст од 8,9%, којшто произлегува од повисоките депозитни пари и долгорочните
депозити во денари и во странска валута, а краткорочните депозити во странска
валута и во денари забележаа пад.
‒ Кај кредитите на домаќинствата, во јуни e забележано месечно и годишно
зголемување од 1,0% и 7,1%, соодветно, коешто во поголем дел се должи на
зголеменото кредитирање во денари, при раст и на кредитите во странска валута.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во јуни
2024 година, најзастапените категории − потрошувачките и станбените
кредити бележат месечен раст од 0,8% и 0,9%, соодветно, при годишен раст од
5,8% и 10,2%, соодветно. Во јуни, автомобилските кредити се зголемија за 7,5%
на месечно ниво, додека годишниот раст изнесува 25,3%. Кредитите одобрени на
кредитни картички се пониски на месечна и на годишна основа за 0,3% и 8,0%,
соодветно. Овој месец, негативните салда на тековните сметки бележат
месечен и годишен раст од 5,7% и 7,9%, соодветно, додека кредитите одобрени по
други основи, во јуни, се пониски за 2,0% на месечно ниво и 18,8%, на годишно
ниво