Во јуни ни биле потребни минимум 34.212 денари за живот

31

Синдикалната минимална кошница во јуни годинава, според пресметките на Сојузот на синдикати, изнесува 34.212 денари.

Најголем дел од тој износ или 14.547,96 денари отпаѓаат на храна и пијалаци.

Потоа следат трошоците за домување (10.800 денари), хигиена (2.378 денари), превоз (2.508 денари), облека и обувки (2.176 денари), култура (1.067 денари) и на одржување н здравје (732 денари).

Фото: Pixabay