
Федералната управа за воздухопловство даде дозвола за тестирање на возило кое една калифорниска стартап компанија го промовираше како летечки автомобил. Станува збор за електрично возило кое може да лета и да вози на пат, пишува CNN.
Alef Automotive го нарекоа „Модел А“ и тоа беше првата таква форма на возило. Полетува вертикално и може да слета како авион. Наводно, може да превезе до две лица, а радиусот на движење му е 320 километри на земја и 180 километри во воздух.
Компанијата очекува да го продаде возилото по цена од 300.000 долари, а првите возења би биле на крајот на 2025 година, доколку ги добијат сите потребни дозволи.
Со сегашните дозволи, компанијата може да го изложи возилото, дополнително да го подобрува и да го истражува.
Иако во моментов се развиваат неколку видови возила кои функционираат на ист начин како „Модел А“, од оваа компанија велат дека нивната предност е што нивното возило подеднакво нормално функционира и на пат и во воздух.
Фото: Facebook