Архитектите од француското студио Martin Duplantier Architectes дизајнираа невидлив пешачки мост што ќе се гради во кинескиот национален парк Жанџиај. Пешачкиот мост ќе се гради помеѓу два планински врва, а неговата изградба ќе чини 4,78 милиони евра, пишува Dezeen.
Идејата е структурата да ја рефлектира околината. Мостот ќе биде изграден со користење на огледала од нерѓосувачки челик, а подот ќе биде направен од црн камен што станува рефлективен кога ќе се намокри.
На мостот ќе има и ресторан, а во негова непосредна близина ќе се изградат и ексклузивни апартмани и три павилјони коишто ќе им овозможат на гостите поглед на живописната природа.
Овој национален парк е дестинација за љубителите на адреналинот, бидејќи Жанџиај веќе е дом на еден од најдолгите и највисоки стаклени мостови во светот.