Македонски претставници од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони на Република Македонија присуствуваат на конгресот Automobil Produktion China, што се одржува во Гуангжоу, Кина.
Конгресот е во организација на Automobil Produktion, најголемата издавачка куќа во автомобилската индустрија во Германија.
Во рамки на конгресот ќе бидат претставени можностите за инвестирање во автомобилскиот сектор во Република Македонија, со посебен акцент на поволностите што се нудат за компаниите за инвестирање во Технолошко-индустриските развојни зони.
Конгресот се одржува во тек на меѓународно признатиот настан од автомобилска индустрија Guangzhou International Motor Show, преку кој традицијата на германскиот форум започната од 1986 година, се пренесува во Кина како платформа за производителите на автомобилски компоненти и возила и воспоставување нови можности за соработка.
Ќе присуствуваат претставници на компании од автомобилската индустрија од Кина, Европа и други региони во светот, како Ауди, Мерцедес, Џели, Континентал, Бош, Леар, Инфинити, Фауресиа… Фокусот е ставен на стратегиите за производство на овие компании како и потенцијалите за зголемување на присуството на кинеските компании од автомобилската индустрија на глобалниот маркет.
Ко-организатори на настанот се Агенцијата за промоција на меѓународна трговија на Кина и Германската асоцијација за автомобилска индустрија VDA.