Во кои земји пораснаа цените на недвижностите

110

За време на пандемијата со коронавирус побарувачката за куќи порасна, а викендичките доживеаа вистински бум. Цените скокнаа буквално насекаде, од Америка до Австралија.

Според индексот Knight Frank Global House Pricе, Турција е на прво место, со раст на цените на недвижностите од 32%.

Следува Нов Зеланд со 22,1%, Луксембург со 16,6%, Словачка со 15,5%, САД со пораст на цената од 13,2%. Понатаму на списокот се Шведска (13%), Австрија (12,3%), Холандија (11,3%), Русија (11,1%), потоа Норвешка (10,9%), Канада (10,8%), Велика Британија (10,2%), Перу (10%), Литванија (9,1%) и Чешка (8,9%).

Од земјите што ги заземаат првите пет места на оваа листа, три се од Европа.

Зголемувањето на цените на куќите на глобално ниво (беа земени предвид 56 земји и територии) до март 2021 година беше 7,3%. Граѓаните штедеа колку што можеа, а економиите подготвуваа “богати пакети“, како што е програмата за стимулации во САД вредна трилиони долари или програмата на ЕУ, која вклучува 720 милијарди евра.

Фото: Pixabay