Во која насока размислуваат успешните претприемачи

21

pat

Фото: Pixabay

Сите успешни луѓе ја создале својата бизнис империја водејќи се од некаков план, полека, сигурно, слушајќи совети од искусни и потпирајќи се на својата интуиција.

Секој од нив го одликува некоја карактеристика што другиот ја нема, но кога ќе се погледне одблизу, сите тие имаат нешто заедничко, кое укажува дека некои работи, и тоа како, важат во секое време и за секој бизнис.

Па така…

Клучно е да се знае што се сака, каков бизнис да се започне, која е целта, што е она што внесува доволен ентузијазам и мотив за да се издржи пред сите предизвици кои следат.

Се тргнува полека, чекорите кон целта треба да бидат мали, сигурни и треба да знаете дека стоите на вистинската патека. Погрешен чекор може само да ве врати назад.

Откако првите чекори се направени, мора да следува мала пауза, со цел да преиспитате што сте научиле, да ги евалуирате сите направени потези, односно да направите груба проценка на исходот од сработеното и вложеното.

Потоа следува примена на наученото, поука од сработеното и нов, мал, добро осмислен чекор кон посакуваното.

Одново пауза, проценка на стореното и употреба на знаењето во следниот мал, но сигурен чекор.

И од ова може слободно да се извлече заклучокот дека за еден бизнис да биде успешен треба да се има ред, дисциплина, следење, евалуација, согледување на нештата пред да се превеземе следниот чекор.

Со други зборови, успешните претрпиемачи не губат многу време во планирање, односно не размислуваат премногу на прашањето “а што ако”. Никогаш не се знае како луѓето ќе реагираат додека не им се даде нешто на кое ќе можат да реагираат.

Така, во лицето на непознатата иднина овие претприемачи превземаат акција, учат од тоа што попатно го дознале, и повторно тргнуваат во акција, посигурно и посмело.