Искусни лекари во Германија имаат годишна бруто плата од над 9.600 евра месечно или околу 115.320 евра годишно, покажуваат податоците.
Меѓу најплатени во Германија се и експерти за продажба или аквизиции, чија просечна годишна плата е околу 99.635 евра, додека директори на инвестициони фондови заработуваат над 83.000 евра.
Од друга страна, според порталот Gehalt.de, најмалку се платени вработени во кујна, чија годишна бруто плата е околу 21.900 евра, фризерите заработуваат околу 23.000 евра, а келнери и шанкери 23.600 евра во просек.
Фото: Pexels