Во која земја се пие најмногу кафе

77

Светот денеска го одбележува Интернационалниот ден на кафето – пијалак без којшто многумина не можат ниту да го почнат, ниту да го “истуркаат“ денот.

Statista направи анализа на потрошувачка на кафе по глава жител за оваа година, по што се дојде до податок дека Холандија е лидер со потрошени околу 8,3 килограми по глава жител.

Меѓу земјите кои се најмногу зависни од кафе се и: Финска (7,8 килограми по глава жител), Шведска (7,6 килограми), Норвешка (6,6 килограми), Канада (5,5 килограми), Либан (5,3 килограми), Германија (5,2 килограми), Бразил (5,1 килограм).

Фото: Pixabay