Во Косово почнаа рестрикциите на струја – нема пари за увоз на струја

70

Косовското претпријатие за електродистрибуција (KEDS) соопшти дека од денеска ќе почнат рестрикции за електрична енергија во Косово бидејќи нема средства да купува струја.

Како што се наведува во соопштението на KEDS, потрошувачите ќе имаат струја шест часа, а потоа два часа ќе бидат исклучени.

Потрошувачите ќе се снабдуваат исклучиво со струја од домашно производство, се додава, бидејќи КEDS веќе нема финансиски средства да купува струја.

Од компанијата наведуваат дека ваквата состојба настанала поради енормните цени на струјата на меѓународните пазари и недоволното покривање на трошоците на системот.