Во “кожата“ на планетарно најбогатиот човек

98

Едно од најизвиканите имиња во светот на бизнисот, особено во време на пандемија, е секако она на најбогатиот човек на планетата – Џеф Безос. Веќе добро ја знаеме приказната за скромните почетоци на Amazon сместени во гаражата од неговиот дом, позајмените пари, партнерскиот однос со Мекензи…, но вреди да се знае и за неговите лични карактеристики.

Малкумина знаат дека биолошкиот татко на Безос, Тед Јоргенсен никогаш нема никаква улога во неговиот живот. Последен пат го видел кога Џеф имал три години. Тој имал само 18 години кога неговата девојка, Жаклин Гизе, која имала само 17 години, останала бремена. Иако биле во училиште, тие се венчале, по што се родил Џеф. Нивниот брак траел само 17 месеци поради несоодветното однесување на Јоргенсен како татко и сопруг. Три години подоцна, Жаклин се омажила за Мигел Безос, кубански емигрант кој сам научил англиски и почнал да работи во Exxon. Мигел и официјално го признал Џеф и му го дал презимето што го носи и денес – Безос.

Сè друго што се знае и пишува за Безос е веќе познато. Тој успеа да развие репутација на брилијантен, но и ладнокрвен и пресметлив бизнисмен, кој нема потреба да крева “помпа“ околу успехот и богатството што го има.

Скоро 20 години, Безос бил прав “анонимус“ држејќи се себе и Amazon далеку од љубопитните очи на јавноста.

После 25 години брак, Џеф му става крај на бракот со Мекензи, па после само седум месеци од разводот отишол на годишен одмор со љубовницата Лорен Санчез, поранешна презентерка на временска прогноза на Fox.

Фото: Instagram