Во Квинсленд ќе се гради комбиниран објект на обновливи извори на енергија

23

clouds-1838789_960_720

Фото: Pixabay

Енергетската компанија од Австралија Windlab наскоро ќе започне со изградба на комбиниран објект за складирање на енергија од ветер, сончева енергија и енергија од батерии (за случаи кога нема доволно сонце или ветер) во Kennedy Energy Park во северен  Квинсленд, Австралија.

Ова е прв објект од ваков тип во светот и се очекува да започне со работа кон крајот на следната година, пишува New Atlas. Енергетскиот парк Кенеди ќе биде поврзан со електричната мрежа на Австралија преку една врска. Кога ќе биде завршен гигантскиот генератор, се очекува да генерира околу 210.000 мегават часови електрична енергија годишно, односно доволно за повеќе од 35.000 домови во Австралија.

Објектот ќе биде висок 132 метри, односно тоа ќе бидат највисоки турбини поставени во Австралија. Проектот Кенеди е првата фаза од многу поголем план за обновлива енергија за северен Квинсленд.

Градбата треба да биде комплетирана за една година, а целиот проект ќе чини 160 милиони долари.