Во мај издадени 260 одобренија за градење – нови 424 станови

49

Без ниту едно одобрение за градба во извештајниот период се општините Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Шуто Оризари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2024 година се издадени 260 одобренија за градење, што е за 18.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Во скопскиот регион дадени се вкупно 39 дозволи за градење, а од нив 19 физички лица се јавуваат како инвеститори, додека 20 инвеститори се деловни субјекти. Најмногу одобренија за градење има во општина Илинден, вкупно 11, следуваат Петровец и Центар со по 5 одобренија, Сопиште и Гази Баба со по 4 одобренија за градба. Во Арачиново, Карпош и Чаир има 2 одобренија за градење, а по едно одобрение имаат општините Аеродром, Зелениково, Студеничани и Чучер Сандево.

Без ниту едно одобрение за градба во извештајниот период се општините Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Шуто Оризари.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 869 263 илјади денари, што е за 10.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 133 (51.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 54 (20.8 %) за објекти од нискоградба и 73 (28.1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 260 објекти, на 141 (54.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 119 (45.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 424 станови со вкупна корисна површина од 36 052 м2.