Во Македонија ќе има сезонски попуст само два пати годишно

382

Повеќе нема да има секој период намалувања по шопинг центрите и продавниците. Со новиот закон за заштита на потрошувачите предвидено е сезонско намалување да има само два пати во годината и тоа летно сезонско намалување помеѓу 25 август и 25 септември и зимско сезонско намалување од 25 декмеври тековната година до 25 јануари наредната година.

Маријана Лончар Велкова од организацијата на потрошувачите на Македонија вели дека новото законско решение за заштита на потрошувачите треба да ги заштити граѓаните (потрошувачите) и да ја зголеми надзорната улога на инспекциските служби.

– Ќе има заштита на потрошувачите, ќе има поголем надзор од страна на инспекциските органи. Вклучени се доста одредби што се поврзани со новите директиви на Европската унија според кои ова право и треба да се применува. За нас многу важна е имплементацијата на овој закон, и да се донесат подзаконските акти, изјави Лончар Велкова за „Локално“.