Во Македонија во април евидентирани 47.617 туристи

108
Во земјава во април годинава се евидентирани 47.617 туристи, од кои 34,8 отсто се домашни, а 65,2 отсто се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во април 2022 година изнесува 98.979, од кои 36,8 отсто се од домашните туристи, а 63,2 отсто од странски.
Во периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 66,1 отсто, и тоа: кај домашните туристи за 29,2 отсто, а кај странските за 114,0 отсто.
Во периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 59,5 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 30,2 отсто, а кај странските зголемувањето е за 96,5 отсто.