Во Мароко се поставува најголемата соларна електрана во светот

64

solarna elektrana maroko

Во мароканскиот град Уарзатате се поставува најголемата соларна електрана во светот, стои на официјалната страница на Светска банка.

Станува збор за најголемата концентрирана соларна електрана што ќе генерира електрична енергија доволна за над еден милион жители до 2018 година, со можност и за извоз во Европа.

Noor е името на електраната и се очекува до 2020 година да има инсталирана моќност од 2 GW. Преку овој проект земјата ќе ја намали зависност од користењето на фосилни горива и ќе се фокусира кон употреба на енергија од обновливи извори.

solarna elektrana maroko 1

Електраната работи така што стотици огледала се насочени кон сончевата светлина и ја загреваат течноста за пренос што се користи за производство на пареа, којашто ги придвижува турбините што произведуваат електрична енергија.

Планирано е овој комплекс да ја намали и емисијата на штетни гасови за 760.000 тони годишно. Системот што се користи за оваа електрана овозможува задржување на топлината и кога нема сонце.

Noor чини над три милијарди долари, коишто се обезбедени од Светска банка, Африканската развојна банка и европски финансиски институции.