Во март 2022 година ТАВ ќе ја реновира пистата на скопскиот аеродром

93

Kако дел од инвестицискиот план за експанзија и реновирање на македонски аеродроми, следната година, почнувајќи од 28-ми март 2022 до 16-ти мај 2022, во времетраење од 50 дена, ТАВ Македонија планира да ја рехабилитира пистата на скопскиот аеродром.

За оваа цел, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје, во овој временски период, ќе се случува од 17 часот и 30 минути попладне до 9 часот наутро.

Планирана во консултација со сите засегнати страни, рехабилитацијата на пистата ќе биде завршена без затворање на аеродромот и со минимално влијание на авиосообраќајот. Натамошни информации ќе бидат обезбедени навремено, информираат од ТАВ Македонија.