Во март ни биле потребни 33.772 денари за основни потреби

54

На едно четиричлено семејство во март му биле потребни 33.772 денари за да ги задоволи основните потреби што се вклучени во минималната синдикална кошница, што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија.

Минатиот месец, како и вообичаено, најмногу пари (14.162,51 денар) биле потребни за исхрана и пијалаци, што е 41,94% од потребните 33.772 денари. Потоа следат трошоците за превоз со 2.498,84 денари или 7,40% учество во вкупната минимална синдикална кошница, зад нив се трошоците за хигиена со 2.371,54 денари или 7,02%, а по нив издатоците за облека и обувки во вредност од 2.124,97 денари или 6,29%.

Најмалку пари околу 3,16% или 1.067,86 денари се одвоени за култура, а 728,43 денари или 2,16% за одржување на здравјето.

Фото: Pexels