Во март собрани 125 милиони евра од данок на личен доход

45

Управата за јавни приходи во март бележи повисока наплата кај данокот на личен доход и данокот на додадена вредност, а пониска наплата има само кај данокот на добивка.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска соопшти дека вкупно остварениот даночен приход во март изнесува 7.720.610.000 денари (125.360.890 евра) и тој е повисок за 6,17% во однос на планираниот, односно 18,62% во споредба со остварениот приход во март лани.

Наплатата кај данокот на добивка е пониска за 4,38% во однос на планираното, додека кај данокот на личен доход е повисока за 4,34%, а кај данокот на додадена вредност за 10,75%. Во споредба со остварениот приход во март 2020 година, данокот на добивка е понизок за 1,32%, додека повисока наплата од 12,55% има кај данокот на личен доход и од 29,5% кај данокот на додадена вредност.

Според податоците на УЈП, во периодот јануари-март остварен е вкупен даночен приход од 20.616.146.000 денари што е за 3,09% повеќе во однос на планираното и за скоро 8% во споредба со остварениот приход во истиот период лани.

Фото: Pixabay