Во Москва пронајдени двајца мртви милијардери

86

Во текот на викендот во Москва беа пронајдени мртви двајца тајкуни, но од полицијата велат дека ниту еден од овие случаи не е случај на убиство.

Додека олигархот Игор Кудрјаков (63) боледувал од веќе напредната фаза на рак, што се припишува како причина за неговата смрт, 23 години помладиот Антон Андрејевич Черепеников наводно се предозирал со медицински гас. Но од полицијата велат дека истрагата се уште е во тек, пренесува Н1.

Кудрјаков се збогати со Сервис 77, најпопуларната услуга за испорака во Русија. Сепак, тој од првиот ден беше поврзан со руските власти, што секако не го спречи да го достигне статусот што го уживаше, пишува Тајмс.

Черепеников, пак, беше ѕвезда во подем, се збогати во ИТ секторот, откако во 2018 година го основа ИЦС Холдинг. Иако тогаш имаше само 35 години, од првиот ден успеа да се поврзе со руските безбедносни служби, да потпише партнерства и соработки со уште триесетина технолошки компании и да се фрли во бизнисот со производство на уреди за прислушување.

Се шпекулира дека Черепеников бил тесно поврзан со разузнавачките служби и шпионските активности на Русија, но не е јасно кои би биле мотивите за неговото можно убиство. Од почетокот на руската инвазија на Украина, загинаа дури 39 руски олигарси и научници.