Во недела поместете ги стрелките еден час нанапред

21

Летното сметање на времето оваа година започнува на 31-ви март во два часот, така што со поместување за еден час нанапред времето во два часот се смета како три часот, соопштуваат од Министерството за економија.

Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27-ми октомври во три часот, така што со поместување за еден час наназад времето во три часот се смета како два часот.

Донесувањето на оваа одлука, како што се наведува, придонесува кон следење на долгорочната економска политика на земјава за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.