Во недела пристигнуваат 24.000 вакцини од AstraZeneca

70

Првата пратка од вакцините на AstraZeneca од Ковакс програмата треба да стигне вo недела изутрина, објави на својот Facebook профил министерот за здравство, Венко Филипче.

“Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристигнува првата пратка од 24.000 вакцини на AstraZeneca преку Ковакс системот“, напиша Филипче.

Македонија од Ковакс програмата треба да добие 100.800 вакцини од  AstraZeneca и според претходните најави останатиот дел на дозите треба да биде испорачан во земјава во првата половина на април.

Досега добиени се само само 8.000 дози на компанијата Pfizer од Србија и 3.000 од договорот на владата за руската вакцина Спутник V.

Фото: Facebook