Во неколку европски земји се запленети 22.000 тони препакувана храна со поминат рок

54

Во акцијата на Европол во повеќе европски земји запленети се околу 22.000 тони храна и 850.000 литри пијалоци, главно алкохолни пијалоци со фалсификувани етикети.

Во рамките на операцијата ОПСОН, која годишно ја спроведуваат Европол и различни европски агенции, вкупната вредност на конфискуваната стока надминува 91 милион евра, покажуваат официјалните податоци на Европол.

Во текот на оваа година откриени се 11 криминални мрежи, издадени се 104 потерници, извршени се 184 претреси, а 278 лица се пријавени до правосудните органи.

Извршени се 5.821 контроли со што дополнително се подобри безбедноста на храната на пазарот.

Операцијата ОПСОН има за цел да го заштити јавното здравје и безбедност, како и да ги разбие организираните криминални мрежи вклучени во измами со храна. Инспекторите забележаа дека најголемиот број измами се засноваат на продажба на прехранбени производи со поминат рок.

Со инфилтрирање во компании за депонирање отпад, осомничените за измама набавиле големи количини храна со поминат рок што требало да се уништи.

Откако едноставно ги избришале и повторно ги испечатиле новите етикети за датумот на истекување,и повторно ги вовеле производите со истечен рок во синџирот на снабдување.

Во Шпанија се уапсени четири лица и запленети се околу 120.000 лименки туна, како и 45.000 литри масло. Во Италија запленети се приближно 42 тони фалсификувано масло.