Во Ниш произведен првиот српски тест за коронавирус

45

Во Ниш е произведен првиот српски тест за коронавирус, а масовното производство на тестовите ќе почне во петок кога се очекува дозвола од Агенцијата за лекови и медицински средства, пренесуваат тамошните медиуми.

“Првиот српски тест е завршен. Развојот е завршен и ние сме спремни“, вели Саша Тричковиќ, основач и директор на компанијата што стои зад првиот српски тест, NeoMedica.

Во овој момент капацитетот е 1.500 тестови дневно во една смена, а доколку биде потребно ќе биде воведена и втора смена во фабриката.

Наиса е систем што го сочинува апарат и тестови, а го доби името по античкиот град Наис сус, на чие место денес се наоѓа градот Ниш.

Инаку, српската компанија NeoMedica е прва во регионот и една од малкубројните во светот што ќе почнат со масовно производство на тестови за коронавирус.

Фото: Pixabay