Во ноември издадени 260 одобренија за градење – предвидена изградба на 542 станови

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2024 година се издадени 260 одобренија за градење, што е за 18.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во скопскиот регион се издадени вкупно 50 дозволи за градење, од кои 27 на физички лица, а 23 на деловен субјект.
Во Аеродром, Бутел, Сарај и Чучер Сандево се издадени по две дозволи за градба, а во Арачиново и Петровец по една. Гази Баба и Центар имаат по седум дозволи за градба, Илинден шест, а во Карпош и Сопиште се издадени по 10 дозволи. Ѓорче Петров, Кисела Вода, Студеничани, Чаир и Шуто Оризари се без ниедна дозвола за градење
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 250 392 илјади денари, што е за 63.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан (интерконективен) гасовод Република Северна Македонија – Грција.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (59.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22.7 %) за објекти од нискоградба и 46 (17.7 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 260 објекти, на 146 (56.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (43.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49 111 м2.