Во ноември лани регистрирани 38.997 туристи и 80.693 ноќевања

22

Бројот на туристите во државава во ноември 2021 година изнесува 38.997, од кои 45,5  отсто се домашни, а 54,5  отсто се странски.

Како што објави  Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во ноември 2021 година изнесува 90.693, од кои 49,3  проценти се од домашни туристи, а 50,7 отсто од странски туристи.

Во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 52 отсто. Кај  домашните туристи има зголемување за 19,6 отсто, а кај странските зголемувањето е за 145,6 отсто.

Според ДЗС, во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 36,5 отсто, кај домашните туристи има зголемување за 14,6 отсто, а кај странските зголемувањето е за 164,7 отсто.