Во Норвешка следната година ќе плови првиот автономен брод

43

yara-birkeland-700x253

Фото: Kongsberg

Првиот автономен брод ќе заплови во Норвешка наредната година, пишува Verge. Норвешкиот брод наречен Yara Birkeland ќе користи GPS, радар, камери и сензори коишто ќе му овозможат самостојно да плови. Овој брод чини 25 милиони долари, што е околу три пати повеќе од стандардниот контејнерски брод со иста големина. Но, инвеститорите велат дека автономниот брод би требало да донесе заштеда од 90% во однос на класичните пловила бидејќи ќе заштеди на членови на екипаж и гориво.

Самостојното управување на бродот ќе се одвива во фази. Yara Birkeland на почетокот ќе работи со екипаж, во 2019 година ќе се префрли на далечинско управување, а во 2020 година бродот ќе извршува целосно автономни операции.

Товарниот брод на електричен погон ќе може да пренесе од 100 до 150 контејнери, а неговата примарна намена ќе биде пренесување на ѓубриво на југот од Норвешка.

Бродот заеднички ќе го развиваат норвешката компанија Yara International и компанијата што се занимава со системи за управување Kongsberg.